ОГЛАСИ

Прва МФЛ : Силекс го промовираше Вардар во есенски првак

Спорт | Македонија | 06.12.2015 14:54Посети : 450

Фудбалерите на Силекс пред своите гледачи со 3-1 го совладаа составот на Шкендија и го промовираа Вардар во есенски првак во Првата македонска фудбалска лига.



Скопските „црвено црни“ не успеаја сами да ја осигураат титулата во дербито со Работнички кое заврши без победник 1-1, па „побараа“ помош од кратовчани кои го кутнаа второпласираниот тим на табелата.

За тетовчани поразот во Кратово е прв сезонава на гостински терен, но дојде во најлош миг кога тимот минува низ резултатска криза.

Првата полусезона во елитата ќе се комплетира в среда кога на програмата се натпреварите од 18-та рунда.

Резултати : Работнички - Вардар 1-1, Шкупи - Младост ЦД 5-0, Силекс - Шкендија 3-1, Ренова - Металург одложена, Х. Турново - Брегалница 2-0.

Табела : Вардар 40, Шкендија 35, Силекс 26, Шкупи 24, Работнички 23, Турново 20, Ренова 17, Брегалница 16, Младост ЦД 13, Металург 12.


Фото : Архива
Мх.П.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1404 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833