ОГЛАСИ

Охриѓанецот Александар Кочоски рамо до рамо со Пандев, Кироски, Неџипи

Спорт | Охрид | 07.12.2015 08:15Посети : 1455

Охриѓанецот Александар Кочоски се најде рамо до рамо со фудбалските великани Горан Пандев, Ндерим Неџипи и Христијан Кировски откако со 16 години, 7 месеци и 24 дена дебитираше за Младост Царев Двор на дуелот во Скопје со екипата на Шкупи.



Кочоски кој е дел од охридската фудбалска академија под капата на Фудбалската федерација на Македонија нема по добро да го памети првиот настапо во елитата примајќи пет погодоци.

- За мене е голема чест што добив доверба да дебитирам во Првата лига, но сигурно убедливиот пораз на тимот нема да остане во добро сеќавање. Во секој случај, настапот во Првата лига е само голем мотив за мене да продолжам со уште понапорната работа. Посакувам што поголем број млади фудбалери да добиваме шанса во најсилната наша лига. - рече за „Екипа.мк“, младиот охриѓанец.



Тој меѓу стативите се најде принудно откако првиот голман Илче Петровски паузираше еден натпревар поради жолти картони, но сепак обезбеди место во историјата како најмлад голман кој дебитирал во Првата лига. 


Фото : Екипа.мк
Ohridnews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1389 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833