ОГЛАСИ

Видео: Добитниците на признанијата од OhridNews изразија големa благодарност за укажаната чест

OhridNews TV | OhridNews TV | 23.12.2015 16:30Посети : 5250

Добитниците на признaнијата за најуспешни приказни во 2015 година кои ги додели редакцијата на OhridNews во рамки на промоцијата на второто издание на Годишната ревија на настани, искажаа голема благодарност за укажаната чест и изразија желба за понатамошна успешна соработка со професионалниот тим на нашиот електронски весник.


Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски рече дека признанието за „Подвиг на годината“ многу му значи бидејќи неговото залагање и труд околу реализација на проектот за пренуркување на Охридското Езеро некој го забележал и го цени.



-Пред десетина години Горан Момироски на кафе муабет ми кажа дека ќе отвори електронски весник. Бев скептичен, во тој момент и реков дека имаме доста весници и доста изданија и се сомневав дали тоа воопшто може да успее. Но гледате и самите дека оваа приказна не само што живее туку и продолжува понатаму со сите оние информации кои се секојдневно пласирани, објективни информации, не само од регионот туку и од Македонија и од целиот Свет, рече Секулоски.


Од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кој годинава го доби признанието за „Повеќедецениски придонес во образованието“ бидејќи одбележа јубилеј од 45 години постоење, велат дека соработката со редакцијата на OhridNews секогаш била на високо ниво.



-Секогаш е големо задоволство кога ќе се добие некое признание особено кога ќе го добиете од луѓе кои постигнале големи успеси во својата професија. Нам ни е драго што имаме одлична соработка со OhridNews како медиум кој што објективно и континуирано ја информира јавноста не само во Охрид туку и пошироко и е еден од најдобрите електронски медиуми во Македонија. Се надевеме дека таа соработка ќе продолжи, а нашиот факултет секогаш ќе биде на располагање заеднички да даваме придонес кон подобро општество и кон пообјективно информирање на јавноста, истакна проф д-р Александар Трајков, од ФТУ Охрид.


Од Здружението за заштита на животни „Анималиа“ кои се носители на признанието за „Волонтерска активност на годината“ изјавија дека се пријатно изненадени од тоа што некој го вреднува нивниот несебичен ангажман за заштита и грижа за бездомните животни.



-Благодарам за ова пријатно изненадување. Ова признание навистина многу ни значи. Ова признание го посветувам на сите волонтери во „Анималиа“ но го посветувам и на бездомните животинки кои што за жал не се третирани на соодветен начин во нашата околина. Се надевам дека заеднички со OhridNews преку нашата соработка која ја имаме ќе допринесеме за создавање на едни подобри услови за бездомните животни, рече Климент Арнаудов од „Анималиа“.


Од кафе барот „Cuba Libre“ кој годинава го доби Признанието за „Најуспешен угостителски бренд“ бидејќи во текот на 2015 година одбележа 15 години постоење, велат дека признанието ќе биде поттик за уште поголеми успеси во угостителскиот сектор.



-Сакам да искажам голема благодарност за оваа награда од мое име и од името на ''Cuba Libre'' и воедно да го поздравам целиот тим кој во изминатите 15 години несомнено даде голем придонес за брендот „Cuba Libre“ да биде она што е денес, рече Ѓоко Наумоски, кој е дел од менаџерскиот тим на угостителскиот објект.


Од управата на Ракометниот клуб Охрид кој е добитник на Признанието за „Најуспешна спортска приказна“ поради успесите кои ги постигна во 2015 година исто така искажаа благодарност на големата медиумска поддршка која секојдневно ја добиваат во рамки на нашиот весник.



-Задоволство ми е што можам да искажам огромна благодарност до редакцијата на OhridNews до главниот уредник Горан Момироски и уредникот на спортската редакција Михаил Постоловски кој цело време е заедно со нас и со екипата и ни дава поддршка во медиумскиот простор. Секако благодарност искажувам и во име на ракометарите, во име на стручниот штаб, во име на сите оние млади луѓе кои се дел од младинските категории на РК Охрид и секако оваа награда ќе биде мотив повеќе да продолжиме понатаму со поголеми успеси, изјави Димитар Спасески, претседател на РК Охрид.


Главниот и одговорен уредник на OhridNews Горан Момироски во својот говор пред присутните на вчерашната промоција, изрази надеж дека доделувањето на признанијата и издавањето на годишната ревија ќе прерасне во традиција.



-Оваа година се одлучивме да ја продолжиме традицијата која сакаме уште многу години во иднина да ја реализираме, а ја започнавме минатата година. Околу 10.000 настани беа покриени оваа година од страна на професионалниот тим на OhridNews. Во најголем дел објавените информации се авторски текстови на екипата која неуморно работи во текот на изминатите девет години и информира за се она што се случува во Охрид и пошироко. Во втората годишна ревија на настани покрај успешните приказни и позначајните случувања, поместени се и повеќе стории кои го свртеа вниманието на јавноста, рече Момироски.



Тој изрази голема благодарност до сите помагатели и спонзори кои го помогнале издавањето на втората бесплатна ревија на OhridNews која ќе биде дистрибуирана до читателите во текот на наредните денови.


OhridNews


ОhridNews ги прогласи најуспешните приказни за 2015 година и ja промовираше годишната ревија на настани


 


 


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

OhridNews TV

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 583 гласови (31%)

Не - 1305 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833