ОГЛАСИ

Се прават напори за заедничко решавање на проблемите со кои се соочуваат станоиздавачите

Вести | Охрид | 23.12.2015 16:36Посети : 932

Во просториите на општинската зграда, денес, се одржа јавна расправа со цел да се разгледаат можностите околу евентуалните измени на законот за туристичка дејност во кој стои дека за објект кој располага со најмногу  дваесет легла може да се издаде само едно решение за вршење на угостителска дејност од мал обем, односно само едно лице може да ја врши оваа дејност.



- Целта е да ги слушнеме и двете страни-институциите кои го третираат законот и хотелиерите и приватните станоиздавачи и да најдеме некое предлог решение кое ќе го предложиме до надлежните институции за да биде разгледувано.При тоа, да се почитува законот,а од друга страна да се избегне и појавата на нелојално работење,вели раководителот на секторот за локален економски развој, Ѓоко Апостолов,кој изрази надеж дека проблемите ќе бидат решени пред почетокот на идната туристичка сезона.



До сега остварени се неколку средби помеѓу станоиздавачите и претставниците на ТЛЕР со цел да се изнајде решение за проблемот. Во месец јули охридските станоиздавачи реагираа поради тоа што надлежните не им издаваат нови, ниту пак им ги продолжуваат решенијата за категоризација. Како што тогаш беше објаснето од страна на Апостолов, проблемите настанале затоа што издавањето на нови решенија, односно продолжување на оние кои биле издадени пред три години, се коси со законот за угостителска дејност.


По реакциите од станоиздавачите и ТЛЕР од страна на хотелиерите беше кажано дека законските одредби со кои е забрането да се се издаваат станови на туристи во колективни станбени згради, на сила се веќе 11 години. Според нив, спорно е и досегашното издавање на одобренијата, како што велат, спротивно на законските прописи.
Во општина Охрид регистрирани се 420 станоиздавачи.






OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 533 гласови (31%)

Не - 1174 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833