ОГЛАСИ

Засилени контроли во продавниците за храна и угостителските објекти

Вести | Охрид | 24.12.2015 14:46Посети : 732

Во пресрет на новогодишните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, покрај редовните, почнаа со спроведување на вонредни, засилени контроли на специјализираните продавници за храна од животинско потекло ( месарници, рибарници, и сл. ) и во угостителски објекти (хотели, ресторани).



Како што потенцираат од агенцијата, контролите се спроведуваат на целата територија на државата и со нив ќе бидат опфатени и туристичките места Охрид,Маврово, Попова Шапка, Струга, Берово и Дојран.


- Како одговорна институција за безбедноста на храната ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 3 22 22, но и лично, или на електронската пошта info@fva.gov.mk,нагласуваат од агенцијата.


Целта на контролите е елиминирање на можноста на пазарот да се пласира небезбедна храна, спречување на евентуални труења и инфекции и заштита на здравјето на граѓаните и правата на потрошувачите.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 583 гласови (31%)

Не - 1305 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833