ОГЛАСИ

Во петок ќе се објават прашањата за екстерното тестирање

Вести | Охрид | 24.12.2015 16:35Посети : 674

Државниот испитен центар информира дека на 25-ти декември, во петок, ќе бидат објавени прашањата за екстерното тестирање за учениците од завршните години на средното образование.Објавениот базен список со прашања ќе содржи повеќе од 85.000 прашања, од кои дури една четвртина се нови прашања.

Во следните две недели, поточно до 8.01.2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно корегирани.

„Со цел прочистување на базата и зголемување на квалитетот на прашањата ги повикувам сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата и заеднички да ги подобриме“, се вели во соопштението од ДИЦ.

Веб страницата на која може да се видат прашањата и да се остави коментар е www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk.


OhridNews


извор Макфакс

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 549 гласови (31%)

Не - 1203 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833