ОГЛАСИ

Неповторлива „Зимска Бајка“ вечерва во Охрид

Вести | Охрид | 25.12.2015 07:30Посети : 943

Охриѓани вечерва ќе може да уживаат во најдобрите евергрин рефрени на најголемата предновогодишна забава „Зимска Бајка“ која ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.


За музичката бајка ќе бидат задолжени Емилија Маринова - пијано и вокал, Јован Куциноски - вокал, Горан Папаз - саксофон, Филип Стојкоски Зизи - тапани, Јане Тодороски - бас и Јован Бочвароски - гитара. За задоволството да биде целосно ќе се погрижи стендап комичарот Никола Тодороски со препознатливиот хумор. Тој подготвува ексклузивен материјал кој премиерно ќе биде изведен на овој предновогодишен хепенинг.



За новогодишната декорација на просторот ќе се погрижи „Импакт груп“, а за специјални светлосни и звучни ефекти ќе биде задолжена екипата на '„Лабино соунд“.  Помагател на настанот е винаријата „Тиквеш“.


Влезници за предновогодишната забава кои во претпродажба чинеа 250 денари се речиси расподадени. Денеска на денот на настанот влезниците ќе се продаваат по цена од 300 денари и истите може да се набавата само на билетарата во Центарот за кулура која ќе работи по 12 часот.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1396 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833