ОГЛАСИ

Богата забава за предновогодишниот викенд во Охрид

Вести | Охрид | 25.12.2015 09:50Посети : 1904

Љубителите на добрата забава викендов ќе може да уживаат во неколку предновогодишни живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.


Вечерва  во клубот „Cuba Libre Beach&Bar“ ќе настапи „Blueberry Band“. Бендот го сочинуваат: Каролина Турикашевска - вокал, Оливер Китаноски - гитара, Ненад Мургоски - пиано и Марјан Перески - тапани. Забавата започнува во 22 часот.



Во сабота во „Kadmo Bar“ за добрата забава ќе се погрижат DJ Jane и DJ Ecko. Во рамки на забавата ќе има промоција на ABSOLUT VODKA со вкусови. Почеток во 22 часот.



За саботната забава во „Cuba Libre Beach&Bar“ ќе бидат задолжени „Iguana band“. Бендот го сочинуваат: Тања Димова Трајанова - вокал, Александар Трајанов  - гитара, Горан Гешовски - бас и Сашо Стојановски - тапани. Почеток на забавата e во 22 часот.



Како и секоја сабота така и оваа во Lounge bar & boutique hotel „Mister I“ ќе има незаборавна забава со DJ GEC. Старт 22 часот.



Охриѓани и туристите кои сакаат да уживаат во акустична музика и вкусни специјалитети вечерва и утревечер ќе може да уживаат во атмосферата на „Мезе бар 10“. Почеток на забавата е во 20 часот.



Забави со староградска музика во периодот од 23-ти декември до 10-ти јануари ќе се организираат и во „KADMO LOUNGE BAR“. Гостите ќе може да уживаат во понудата на познати, испробани, но и нови специјалитети, ладни и топли закуски, традиционално вино и разни видови други пијалаци.



За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.


OhridNews


 


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1284 гласови (89%)

Не - 165 гласови (11%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833