ОГЛАСИ

Со инвестиции од 50 милиони евра „Адора инженеринг“ одбележа 13 години постоење

Вести | Македонија | 28.12.2015 07:00Посети : 956

Со најголеми инвестициски проекти од 50 милиони евра во изградба на 1.100 станови во 2015-та година, што е зголемување за 40 отсто во однос на сите претходни години, Адора инженеринг, градежниот лидер во Македонија, ја одбележа 13 годишнината од своето постоење.



 


Овој потврден градежен бренд 2015-та ја одбележа со почетокот на градбата на уникатниот станбено деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, новиот урбан симбол во централната зона на македонската метропола, проект вреден 22 миолиони евра, што како најголема домашна инвестиција во високоградбата претставува 11 % во вкупните инвестиции во градежниот сектор-високоградба во 2015-та во Македонија.



 


„Фактот што ние ја имаме една од најблагородните професии во општеството, а тоа е градењето сигурни, квалитетни и трајни домови во кои неколку поколенија граѓани го минуваат својот живот, на компаниите од високоградбата ни дава бескрајна одговорност, каде ни најмала грешка не е дозволена. Во услови на перманентна глобална криза и неизвесност, со храбри одлуки за крупни инвестиции, растот на Адора инженеринг се должи пред сѐ на професионалниот високостручен тим кој за 13 години од само двајца, во 2015-та година порасна на 400 вработени“, порача Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг на одбележувањето на 13 годишнината на компанијата.



 


„Во 2015-та година компанијата продаде 20 илјади м² недвижности, станбен и деловен простор, што се должи на довербата на граѓаните, кои во Адора инженеринг препознаа потврден партнер кој домовите ги гради со револуционерни иновативни решенија за безбедеден, економичен и квалитетен дом и секогаш за купувачите има вредни изненадувања“, порача д-р Драгана Чифлиганец, посакувајќи во новата година сите да бидеме похумани и почовечни, како темел за секој успех.



 


„13 годишниот подем на Адора инженеринг што се должи на поволната бизнис клима во градежништвото, високоградбата и на макотрпната работа на сите вработени во компанијата, резултира со 2.500 станови изградени досега, со што овој градежен бренд се вброи меѓу петте најбрзорастечки компании во Македонија со голем придонес во националната економија, со што се потврди како успешна македонска градителска приказна“, рече проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг.



 


На прославата на 13 годишнината на Адора инженеринг, нејзиниот деловен партнер Евроинс Осигурување им подели осигурателни пакети на најсреќните купувачи на стан.




На прославата беше потврдена и општествената одговорност компанијата и фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец со поддршка на светскиот шампион во кик бокс Димитар Ѓеорѓиев, поддршка на едукацијата на студенти на обука за Аутодеск Америка во тренинг центар во Македонија, на музичката поп дива Тамара Тодевска, која имаше концерт на настанот, како и со хуманата акција „Исполни желба“ за помош на тешко болните деца во Македонија.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833