ОГЛАСИ

Вонредни мерки: Бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа

Вести | Македонија | 28.12.2015 07:00Посети : 765

Владата на Република Македонија на вонредна седница, што се одржа вчера, расправаше во врска со зголеменото ниво на загаденост на воздухот, при што донесе повеќе заклучоци и препораки.



Владата усвои заклучок со кој се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) во Градот Скопје и Општината Тетово (каде беше констатирано дека во десет последователни дена ПМ-10 честичките се над дозволените граници), да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60 годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), до 4 јануари. 


Владата на Република Македонија им препорачува на Градот Скопје и Општината Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата.

Владата го задолжи Државниот инспекторат за животна средина, до 4 јануари 2016 година да врши секојдневна вонредна контрола во инсталациите кои подлежат на А интегрирана еколошка дозвола и секој ден да доставува извештај до Министерот за животна средина и просторно планирање и до Министерот за здравство.

Владата им препорачува на Градот Скопје и другите општини, преку овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори, до 4 јануари 2016 година да вршат еднаш неделно контрола на инсталациите кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола само во делот на емисии во воздухот и имисии. При тоа, во рамки на контролите на територија на Градот Скопје и Општината Тетово, да се даде препорака за редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветната единица на локалната самоуправа.

Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да ги даде следните препораки до граѓаните:

- Граѓаните почесто да го користат јавниот превоз;

- Граѓаните да не ги користат возилата без поголема потреба;

- Граѓаните да ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време;

- Да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал.

Истовремено, Владата на Република Македонија го задолжи Државниот инспекторат за животна средина да изврши контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при работењето од нивна надлежност да преземе соодветни мерки.

Владата на Република Македонија преку надлежните институции ќе ја следи реализацијата на донесените заклучоци, и состојбата поврзана со загаденоста на воздухот, се вели во соопштението.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833