ОГЛАСИ

Промоција на книгата „Вкрстување на световите“ од Мерсиха Исмајлоска

Живот | Книга | 09.05.2016 10:33Посети : 809

„Вкрстување на световите“- е насловот на новата книга на стружанката Мерсиха Исмајлоска, чија промоција ќе биде денес, во Спомен-куќата на браќата Миладиновци во Струга, со почеток во 19 часот. Промотори на делото ќе бидат Мите Стефоски и Александра Јуруковска, а за музичкиот дел е задолжен Петар Кочоски.



„Вкрстување на световите“ е книга што во себе вклучува една подолга тема: „Вкрстување на световите на Истокот и Западот (интерпретација на перцепцијата и нарацијата во делата Прашина од Милчо Манчевски, Се викам Црвено од Орхан Памук и Боречки клуб од Чак Паланик)“, инаку магистерски труд на Исмајлоска. Текстот се обидува преку компаративистичко-контрастивна согледба да даде анализа на вкрстувањето помеѓу Истокот и Западот, видено преку вкрстувањето на зборот и сликата. Двојно преплетување, израз на копнеж за давање теоретски одговор на некои метафизички прашања.


„Својот културолошки пристап авторката го заокружува со поврзувањето на источната и западната мисла присутна во делата на мислителите што биле способни да го вкрстат сопственото поимање на бивствувањето и светот со она на Платоновата философија или Аристотеловата метафизика“, се вели во рецензијата на проф. д-р Славица Србиновска кон книгата „Вкрстување на световите“.


Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
 
Мерсиха Исмајлоска е родена во 1980 година во Струга. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ги објавила книгите „Нова приказна“ (раскази, 2014) и „Тангента“ (есеи и критики, 2014), изданија на ЗЛКН „Бран“, Струга. Учесник е на повеќе научни конференции, симпозиуми, трибини и други собири од областа на културата, науката и на уметноста. Нејзини текстови се дел од неколку зборници научни трудови од областа на книжевноста. Членува во Европската мрежа за компаратистички проучувања, како и во Друштвото за компаративна книжевност на Македонија. Работи на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.


OhridNews
 
 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1404 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833