ОГЛАСИ

Видео: Охриѓанец час и половина блокираше улица бидејќи кола му ја удрила внуката

OhridNews TV | OhridNews TV | 14.05.2016 21:09Посети : 13546

Охриѓанецот Мевљаим Арифи, денеска час и половина ја блокираше улицата „Стив Наумов“ непосредно пред индустриската зона во комплексот „Слобода“, револтиран од инцидентот што се случил утрото кога автомобил ја удрил неговата внука пред семејната куќа, а возачот побегнал од местото на настанот. Тој поставил празни кофи и застанал среде коловоз пред дупката која по интервенција на јавно претпријатие била оставена подолг период несанирана.



-Се вози брзо тука, а оваа дупка предизвикува дополнителен проблем. Порано имаше лежечки полицаец тука, a сега останат е само знакот. Тука ми ја згазија сопругата минатата година, а денеска настрада мојата внука, која за среќа е добро и преживеа. Во знак на револт ја блокирав улицата час и половина, не пропуштав возила ниту од индустриската зона. - изјави Арифи.


Блокадата ја отстранила полицијата, но Мевљаим се заканува дека ќе постави нова блокада во понеделник доколку не се санира оштетувањето на улицата „Стив Наумов“ и не се подобри нејзината безбедност.



Охриѓанец час и половина блокираше улица бидејќи кола му ја удрила внуката


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

OhridNews TV

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833