ОГЛАСИ

Влијанието на храната врз забите

Живот | Здравје | 23.06.2016 16:04Посети : 1373

Здравите и убави заби говорат многу за нашата личност и имаат значајно вијание врз впечатокот кој го оставаме за себе . Затоа е неопходно да обавуваме редовни превентивни стоматолошки прегледи како навремено би се детектирале евентуални промени кои настанале на забалото . Постојат голем број надворешни и внатрешни фактори кои влијаат на одржувањето на здраво и квалитетно забало. Храната е еден од нив која има силно влијание врз квалитетот на забите . Со самото конзумирање храна , како неминовна потреба за правилно функционирање на нашиот организам , треба да имаме на ум дека истовремено ''ги храниме'' и бактериите кои се наоѓаат во нашата уста .При конзумирањето храна редовно остануваат наслаги кои се лепат за забите и меките делови од непцата. Доколку овие наслаги не се остранат и се дозволи да се таложат на забите, се создаваат совршени услови за развој на бактерии. Кога тие ќе дојдат во контакт со шеќер или скроб, се создава киселина која ги напаѓа забите. Покрај тоа, наслагите со храна се причина и за создавање токсини кои им штетат на непцата.



Присутните микроорганизми во устата ги разложуваат органските материи до кисели продукти кои имаат многу непријатен мирис. Па така созадената кисела средина допринесува за развој на кариес и заболувања на непцата.Од овие причини, устата може да биде извор на најразлични бактерии, па затоа заболувањата во устата можат да бидат причинител за безброј други болести и негативно да се одразат врз општото здравје. Затоа , редовната хигиена на устата и забите е особено важна. Наслагите и остатоците од храната се острануваат со редовно и павилно миење на забите. Забите треба да се мијат после секој оброк или најмалку наутро и навечер за да не дојде до таложење на наслаги и промени во усната празнина.



За правилна хигиена на забите потребно е да имате соодветна четка за заби и паста која во себе треба да содржи флуор и дозволени абразивни и бактерицидни супстанци. Освен хигиената која треба да се одржува по конзумирањето храна, од особена важност е и типот квалитетот на храна која ја внесуваме . 


Познато ни е дека внесот на шеќер ни дава дополнителна енергија и ни дава позитивно распложение. Но, важно е да се напомене дека многумина од нас , честопати и несвесно , внесуваат преголемо и непотребно количество шеќери. Проблемот е во фактот што шеќерот ни дава енергија во вид на чисти калории и ништо друго. Поради тоа организмот треба да користи и други материи за негово варење и тоа влијае на нашето здравје.Конзумирањето шеќери особено навечер , а притоа ако уште се изостави четкањето на забите , е одлична основа за нагризување на глеќта на забите и развој на кариес. Најмногу шеќери има во производите со ниска масленост каде вкусот се надоместува токму со шеќер, во готова храна како што се супи од кесички, готови сосови , газирани сокови и слично. Храна има штетно влијание врз забите ако подолго време остане во устата , односно се наталожи како забни наслаги , а како особено штетни би ги издвоиле :

- Слатки и колачи – ако морате да ги јадете, тогаш одберете такви што бргу ќе поминат низ вашата уста. Лижавчињата и карамелте треба да се избегнуваат.
- Храна богата со скроб – скробот е сложен јаглехидрат кој долго се задржува во устата. Лебот и чипсот често остануваат во устата и го влошуваат здравјето и изгледот на вашите заби.
- Газираните пијалоци се штетни бидејќи содржат многу шеќер, фосфорна и цитрусна киселина кои ја нагризуваат заштитата на забите.


Некои видови храна , поради боите (природни или вештачки ) кои ги содржат во себе можат да ви остават флеки , односно предизвикуваат обоеност на забите


- Бобичасто овошје – ова вкусно и хранливо овошје е богато со обоени пигменти и од таа причина остава флеки на забите
- Цвекло
- Балзамичен оцет- многу обоено и полно со киселина. Пробајте да го намалите внесувањето на овој оцет така што ќе го користите само за салати
- Кисели краставички – сигурно не очекувавте дека и овие намирници ќе се најдат на оваа листа
-. Кафе чај , црвено вино
-. Кечапот и пасираниот домат – овие два продукти поради својата киселост што ја содржат во себе, можат да направат дамки на забите и да го намалат нивниот сјај.
-Ледот и смрзнатата храна исто така лошо влијаат на забите.



Но, освен ваквата храна, има и храна која е здрава за вашите заби. Овошјето и зеленчукот се полни со диететски влакна кои делуваат прочистувачки и брзо започнуваат да ја неутрализираат киселината: 


- Сирењето, млекото, јогуртот и останатите млечни производи го поттикнуваат лачењето на плунката која е најдобар начин за одбрана од расипување на забите. Исто така овие намирници се богати со калциум и фосфор со што се подобрува нивото на минерали кај забите.
- Зелен и црн чај – содржат полифеноли кои стапуваат во контакт со наслагите на забите, а покрај тоа го редуцираат и бројот на бактерии и нивното ширење.
- Гуми за џвакање без шеќер – ова е уште едно средство кое го поттикнува лачењето на плунката и ги остранува остатоците од храна на забите до кои не може да дојде четкичката за заби.
- Продукти кои содржат флуор- тоа се водата, природните сокови, морски плодови житарки, исто така се препорачува да се дел од секојдневната исхрана.



На крај, каква храна и да преферираме да конзумираме, не треба да ја изоставиме редовната хигиена со четка за заби , адекватна паста , забен конец и водичка за плакнење , како и редовните стоматолошки контроли.


Пишува
Стоматолошка Ординација ''Д-р Сашо Стоев''

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1397 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833