Денес со почеток во 12 часот во Младински центар Охрид ќе се одржи јавна трибина за ментално здравје во рамките на проектот „Здрави врски – основа за ментално здравје“. Проектот се реализира во соработка со З.Г. „ДОВЕРБА“ Куманово и Екуменска иницијатива жена.
Ова е одлична можност заедно да разговараме отворено, да градиме разбирање и да ја зајакнеме меѓусебната поддршка за подобро ментално здравје, велат организаторите.
На трибината ќе земат учество учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, а модератор на истата е проф. д-р Софија Георгиевска.
OhridNews













