Санацијата на големиот дефект на улицата “Асном” е завршена и за кратко време се очекува нормализација во водоснабдувањето, информира вечерва ЈП Водовод.
Проблемот со водоснабдувањето во Пештани се уште не е решен и се работи на негова санација.
Екипи на ЈП Водовод Охрид се уште се во Пештани и ќе се работи и во текот на ноќта до завршување со санацијата, соопшти јавното претпријатие.
Настанат е уште еден голем дефект, пукната е цевка со профил ф 300 мм пред село Пештани.
Вечерва од 18:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе има селото Пештани и новите згради пред селото.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Дефектот настанал од пукната цевка со профил ф 300 мм пред селото, пораси што од 18 часот во прекин е водоснабдувањето во Пештани и околните населби со нови згради.
Г.М.













