Охрид од 18 до 22 август ќе биде домаќин на јубилејното петто издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, кој и оваа година ќе собере дел од најквалитетните екипи од регионот и Европа.

На турнирот ќе настапат осум клубови, поделени во две групи.

Во групата А ќе играат ГРК Охрид, РК Загреб, РК Замалек и РК Војводина.

Во групата Б се РК Вардар 1961, РК Нексе, СФП Олимпијакос и РК Тримо Требње.

Турнирот „Крсте Андоновски“ во изминатите години се етаблираше како еден од најсилните подготвителни турнири во регионот, а годинашното јубилејно издание најавува уште поголема конкуренција и атрактивни натпревари во пресрет на новата сезона.

Г.М.