Њујорк Никс ја освои шампионската титула во НБА лигата за сезоната 2025/26, откако во петтиот натпревар од големото финале го совлада Сан Антонио Спарс на гости со 94:90 и со вкупни 4:1 во серијата стигна до првиот шампионски прстен по цели 53 години.
Ова е трета титула во историјата на славниот тим од Големото јаболко и прва по 1973 година, со што заврши еден од најдолгите шампионски постови во американскиот професионален спорт.
Никс до титулата ги предводеше извонредниот Џејлен Брансон. Тој со 45 поени повторно ја предводеше екипата до пресврт и заслужено беше прогласен за МВП на финалната серија. Најефикасен кај Сан Антонио Спарс беше Виктор Вембањама со 19 поени, 14 скока и пет блокади.
Триумфот претставува круна на проектот што Никс го градеа во последните неколку сезони околу Џејлен Брансон, Карл-Ентони Таунс, ОЏИ Ануноби, Џош Харт и Микал Бриџис, враќајќи го клубот на врвот на НБА по повеќе од половина век чекање.
Успехот на Никс бурно го прославија илјадници навивачи кои синоќа излегоа на улиците на Њујорк.
OhridNews













