Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци.
По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипата на Младост Богданци. Добро се одморивме, имавме пауза од четири дена. Собравме сили и ќе дадеме сè од себе на следниот натпревар во петок, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Ален Ќосевски.
Натпреварот се игра со почеток во 19:30 часот во салата „Билјанини извори“.
OhridNews











