ЈП „Градски Пазар“ Охрид продолжува со активности за одржување на уреден и функционален простор околу пазарот и на јавните површини.
Вчера беше спроведена акција на повеќе локации, меѓу кои кај Кам Маркет, Билјанини Извори, автобуската постојка кај болниците и тротоарите во непосредна близина на градскиот пазар, со цел да се овозможи непречено движење на пешаците и нормално користење на јавните површини, велат од претпријатието.
Ги замолуваме продавачите да не ги зафаќаат тротоарите и местата наменети за поминување на пешаци, како и просторот предвиден за пристап и доставување на роба. Ги покануваме сите продавачи да продаваат во просториите на градскиот пазар, каде што има обезбедени услови за продажба и солидни и достапни цени за пазарните места, посочуваат од ЈП „Градски Пазар“ Охрид.
Додаваат дека со заедничка соработка може да се придонесе за почист, поуреден и побезбеден Охрид, како за продавачите, така и за сите граѓани.
OhridNews











