ЈП Колекторски системи е јавно претпријатие, чие поле на работа и интерес се токму водите, а Охрид, како град распослан на вода, се гордее со можноста да биде нарекуван град на Охридското Езеро, велат од јавното претпријатие по повод Светскиот ден на водите. Упатуваат силна порака за подигнување на еколошката свест кај народот и зачувување на чистотата на природата и водите.

Од 2019 година, кога од Владата беа доделени 4,2 милиони евра отпочна санацијата после 40 години неодржуван колектор. Од тогаш па се’ до денес претпријатието превзема голем број активности, велат од претпријатието.

Меѓу нив ги посочуваат снимање, чистење и вовлекување цевка во цевка по најнова ЦИПП метода без ископување, решавање на 4 локации каде имало излевање фекалии директно во водите на езерото, како и репарирање на 20 комплети полжни пумпи и ставање во маџ. капацитет сите препумпни станици.

Спроведено било и чистење на секундарна канализација- 8км во Охрид и 6км во Струга, чистење на собирни базени на препумпни станици – промена на нови потопни пумпи со сопствени секачи на три препумпни места со што, велат, се намали проблемот со запушување на пумпите со влажни марамици.

Извршено било снимање и чистење на цевковод, поставување на фрекфентна регулација и автоматика на 5 препумпни станици (режим на работа според нивото на отпадна вода), како и санација на пречистителна станица и ставање во функција на скоро 90% од нејзиниот капацитет.

Оваа година претпријатието доби нови 40.400.000,00 денари од Влада на РСМ за продолжување со санација и унапредување на ефикасноста на колекторскиот систем Охрид – Струга. Следно ќе се работи на решавање на проблемот кај реката Грашница кој нажалост постои 30 години, премин преку река Црн Дрим и продолжување со вовлекување на цевка во цевка, потенцираат од претпријатието.

ЈП Колекторски ситем и понатаму ќе продолжи посветено да работи на грижата за одржувањето на системот за прочистување на отпадни води, со цел избегнување на сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за природните убавини во неговото опкружување, додаваат од претпријатието.

OhridNews