Турнирот во мал фудбал „Петровден“ што се игра во Мешеишта оваа година ќе се одржи по јубилеен 50-ти пат.

Организаторот подготви богат награден фонд од 500 000 денари од кои победникот ќе инкасира 300 000, второпласираниот 120 000, третиот 60 000, а четвртиот 20 000 денари.

Богат награден фонд на 50-то издание на турнирот Петровден во Мешеишта

Пријавувањето за учество на турнирот е во тек и ќе се одвива заклучно со 14 јуни. Котизацијата за учество изнесува 5000 денари по екипа. Ждребот за групите е на 15 јуни.

Минатата година на турнирот триумфираше екипата на Сатеска од Волино која во финалето ја совлада екипата на АСП ПАК со 2:1.

Екипата на Сатеска од Волино победи на турнирот Петровден во Мешеишта 2024 година

Традиционално медиумски партнер на турнирот „Петровден“ Мешеишта е Охридњуз.

Г.М.