Двојна победа за Mercedes-AMG Petronas Formula One Team на Големата награда на Австралија.
Новата сезона во Formula 1 започна со возбудлива трка за Големата награда на Австралија, која се возеше на патеката Albert Park во Мелбурн. Победата на првата трка од шампионатот ја оствари британскиот возач Џорџ Расел, кој со сигурно и тактички зрело возење стигна до првиот триумф во новата сезона.
Возачот на Мерцедес ја искористи добрата стратегија и стабилното темпо за да ја задржи предноста до самиот крај на трката. Второто место му припадна на неговиот тимски колега, младиот Италијанец Кими Антонели, кој со одличен настап обезбеди двојна победа за Мерцедес на стартот од шампионатот.
Третото место го освои возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој беше меѓу најбрзите во текот на целиот викенд и водеше жестока борба со возачите на Мерцедес.
Зад водечката тројка се пласираа Хамилтон и Норис, додека Верстапен ја заврши трката на шестата позиција. Пилотот на Мекларен Оскар Пијастри трката ја заврши уште во формацискиот круг кога тешко го оштети болидот откако излета во заштитната ограда.
Отворањето на сезоната донесе неколку возбудливи дуели, стратегиски надмудрувања и инциденти на патеката, што е најава за неизвесна и динамична борба за титулата во новата сезона на Формула 1.
Следната трка се вози наредниот викенд во Шангај, Кина.
OhridNews














