Британецот Џорџ Расел триумфираше на спринт трката за Големата награда на Кина во рамки на шампионатот на Формула 1, што се возеше на патеката во Шангај. Возачот на Мерцедес ја освои првата позиција пред возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.
Расел ја задржа предноста по возбудливата борба во првите кругови и стигна до победа во трката на 19 круга, освојувајќи осум бодови во шампионатот. Зад водечката тројка финишираа Ландо Норис на Мекларен и младиот Италијанец Кими Антонели од Мерцедес.
Во квалификациите за главната трка пол-позицијата ја освои токму Антонели, кој со болидот на Мерцедес стана најмладиот возач со пол позиција во историјата на Формула 1. До него во првиот стартен ред ќе биде неговиот тимски колега Расел, додека зад нив се пласираа возачите на Ферари Хамилтон и Леклер.
Главната трка за Големата награда на Кина се вози утре на патеката во Шангај во 08:00 часот по средноевропско време.
OhridNews













