Од направени 11.479 тестови, регистрирани се 1.396 нови случаи на КОВИД-19, починале девет лица, а оздравени се 348 пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство.

Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од: Скопје – 199,Битола – 32, Кавадарци – 26, Ресен – 13, Охрид – 12, Тетово – 10, Неготино – 9, Гевгелија – 8, Штип – 6, Куманово, Гостивар, Велес и Струмица – по 4, Кичево и Валандово – по 3, Кочани, Радовиш, Делчево и Дојран – по 2, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се шест починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар(78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се три лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати во период од 17 – 18.12.2021г. Починатите се на возраст од 68 години до 87 години. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и 2 во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464,бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.
OhridNews











