Пред десет години со работа започна првата охридска приватна рентакар агенција „Escape“. Една деценија подоцна „Escape“ е успешна и етаблирана компанија со илјадници задоволни клиенти.

Во 2008 година, анализирајќи ги потребите на пазарот, пред се на туризмот кој беше во подем, дојдовме на идеја да отвориме рентакар агенција. Започнавме со моторчиња, потоа се наметна потреба од возила, за денес во понудата покрај нив да имаме и велосипеди. Создадовме успешна соработка со сите сместувачки капацитети кај нас на задоволство на клиентите. – вели Влатко Трпкоски, еден од сопствениците на рентакар агенцијата „Escape“.

Во моментов „Escape“ располага со девет современи патнички автомобили од висока средна класа, скутери со зафатнина на мотор од 50 и 125 кубни сантиметри, роудбајк и маунтинбајк велосипеди. Клиентите можат да го изберат потребното превозно средство во агенцијата на ул. „Кузман Јосифоски“ 1 во центарот на градот, или едноставно да го резервираат на веб страницата www.ohridrentacar.com.

-Возниот парк го обновуваме редовно секоја година, затоа што безбедноста и сигурноста на клиентите ни е пред се. Нашите возила може да се земат и остават на било локација и да се возат секаде надвор од Македонија. Со развојот на туризмот, расте и побарувачката за возила на гостите, а ние се трудиме со професионално и одговорно работење да ги следиме нивните потреби. – истакна Марјанчо Матески, сопственик на рентакар агенција „Escape“.

Десеттиот роденден, „Escape“ го одбележа синоќа, со свеченост што се одржа во просториите на компанијата, на која присуствуваа деловни партнери, блиски и други гости.

OhridNews