Договор за реализација на вештачкиот мрест на пастрмката и техничко доопремување треба да потпише министерот за земјоделство Ацо Спасеноски денеска во Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Годинава за реализација на вештачкиот мрест Министерството за земјоделство најави дека ќе издвои 10 милиони денари.


10 милиони денари за вештачки мрест на пастмката-Спасеноски

Неодамна во Хидробиолошкиот институт започна и реконструкцијата на инсталациите за вештачки мрест на пастрмнката, а со обезбедување и на потрбните средства, се очекува да се подобри рибниот фонд во Охридското Езеро, кој е на работ на исчезнување.

Г. Момироски