Засилени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид. Казнети 10 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол на територијата на СВР Охрид.
На 10/11.12.2021 година од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол од нив во Охрид-02, Струга-05, Кичево-02, Дебар-01. Тие се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките документи по што ќе им бидат поднесени соодветни платни налози, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews












