Денес започнува јубилејното 10-то издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски – Профа“, традиционален спортски настан во чест на две личности кои оставија голема трага во нашата заедница.

Турнирот се организира во чест на Васко Речкоски – Профа и Ѓоко Чингоски, поранешен директор на ООУ „Живко Чинго“ – с. Велгошти, како знак на почит за нивниот придонес и вредностите што ги пренесуваа на младите. Овој турнир веќе 10 години е едно од најпрепознатливите спортски случувања во регионот, а е наменет за деца и младинци до 19 години, со цел преку спорт, дружење и фер-плеј да се продолжи нивниот дух и традиција, велат организаторите.

Ќе учествуваат 20 екипи поделени во 6 групи. Натпреварите од групната фаза ќе се играат до 17 јуни, со по три односно два натпревари дневно.

Вечерва од 20 часот играа екипите на Кибо Пласт и Когнос, од 21 часот Чардак Велгошти и ФК Марсеј, а од 22 часот екипите на Димитар Црвенкоски и Мартиник мебел.

Наградниот фонд изнесува 103 000 денари, од кој за прво место се издвоени  60.000, за второ 25.000, трето 12.000 и за четврто место 6.000 денари. Ќе бидат доделени и награди за најдобар стрелец, голман и играч на турнирот.

OhridNews