Со пригодна церемонија, градот Охрид денеска ја одбележа 104-годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошнаков. По тој повод пред спомен плочата на неговата родна куќа на ул. „Цар Самоил“, во која живее Љубица Бошнакова- Пејоска, потомок на гемиџијата, свежо цвеќе ќе положат претставници на Општина Охрид, институции, асоцијации и почитувачи на оваа историска личност.



На 28 април 1903 година Марко Бошнаков заедно со Јордан Поп Јорданов, Димитар Мечев – Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Иван Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов,  Алексо Минев(сите од Велес) Павел Шатев од Кратово, Начо Стојанов, Гоце Чанев, унгарката Ана Шапец и други, ја извеле најголемата терористичка акција во своето време против османлиската империја.


Гемиџиите во воздух ги дигнале бродот “Гвадалкивир”, „Банк Отоман“, гасоводните цевки, „Гранд Хотел Солун,“ кафеаните “Ал хамбра” и “Ноја” и “Бошнак-ан”. Бил урнат Германскиот клуб, кафеаната “Египет”, како и неколку други локали.


архивски фотографии од солунските атентати-Википедија

Така завршува акцијата на македонските атентатори, кои во продолжение на четири дена сеат ужас кај турската власт и населението. Во битка со војската и полицијата се убиени Орце Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Наумов. Уапсени се Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов. Тие отпрвин се осудени на смрт, но подоцна пресудата им е заменета со заточение во Фезан (Африка).Таму Марко Бошнаков умира а преживеаните гемиџии како што претходно се договориле главата на починатиот Марко Бошнаков ја донеле во Охрид каде била закопана.


Бистата на Бошнаков

На стогодишнината од смртта на Марко Бошнаков во куќата на гемиџијата беше откриена биста која ја изработи Стефан Нестор, тогаш ученик во охридската Гимназија.

OhridNews