Од започнувањето на примената на мерките и препораките на Владата на РСМ, заклучно денес, Министерството за внатрешни работи поднело вкупно 77 кривични пријави поради непочитување на препораките на владата. До ОЈО доставени се пет посебни извештаи, а изречени се и десет прекршочни мерки по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Покрај овие активности МВР, односно Секторите за внатрешни работи при министерството постапуваат и по однос на 604 поднесени решенија за изолација, како и 6.662 изјави за самоизолација на граѓани. Притоа, при извршените контроли по основ на решенија за изолација утврдени се пет непочитувања на решенијата, додека пак по основ на изјавите, т.е. наредбите за самоизолација утврдени се непочитувања на самоизолацијата во 105 случаи.

Во врска со контролата на објектите на територијата на целата држава полициските службеници во соработка со другите надлежни институции направиле вкупно 1.357 контроли врз угостителски и други објекти, во 17 случаи констатирано е непочитување на мерките а во шест случаи поднесени се кривични пријави.

OhridNews