Во последните 24 часа направени се 1.245 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на КОВИД-19, од кои 93 во Скопје, 11 во Кавадарци, 5 во Битола, по 2 случаи во Прилеп и Струга и по 1 случај во Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци, информираат од Министерството за здравство.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 61г до 88г. Две од пријавените лица се починати во болнички услови и две лица во домашни услови .
OhridNews











