Во последните 24 часа направени се 3.019 тестирање, а регистрирани се 454 нови случаи на КОВИД-19. Во последното деноноќие во Охрид биле регистрирани 12 нови случаи.
Најмногу случаи се регистрирани во Скопје – 187, потоа во Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 30, Штип – 29, Кавадарци – 25, Велес и Тетово – по 17, Кочани и Пробиштип – по 9, Крива Паланка и Ресен – по 7, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Богданци, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Струга и Струмица – по 3, Берово и Кичево – по 2, Виница, Гостивар, Дојран, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лица со датум на смрт од 31.10.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје, на возраст од 76 години, во болнички услови.
Регистрирани сe 236 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, бројот на оздравени пациенти е 190.806, на починати е 7.232, а бројот на активни случаи изнесува 8.039.











