Постоењето низ години е доказ за успешноста, а довербата од гостите и бројните посетители е мотив плус за понатаму. „Кадмо“ го одбележува јубилејниот 15-ти роденден на 23 декември, четврток, а за своите гости ќе понуди една поинаква прослава со цел запазување на Ковид протоколите.

Поради пандемијата со Ковид 19 и почитувањето на протоколите не сме во можност да организираме поголема прослава, но сепак на нашите гости ќе им понудиме целодневен попуст од 50 % на менито на денот на роденденот, велат од тимот на „Кадмо“.

Успешната приказна на „Кадмо“, започна во 2006 година со отворање на барот „Кадмо“ во центарот на Охрид. Истата продолжува и понатаму, да ја врти секоја наредна страница, нудејќи пред се сигурност на гостите во условите на Ковид пандемијата, квалитет, пријатна атмосфера и амбиент, како за предновогодишните празници, за самата новогодишната ноќ, така и за секој ден во годината.

Новата 2022 да ни биде поубава и посреќна. Чувајте се, бидете одговорни и уживајте во сите моменти кои ги носи предизвикот на новото време. Ние сме тука за вас, да ви ги збогатиме убавите дружења. Среќни празници! – им посакува на охриѓани роденденски расположениот тим на „Кадмо“.

OhridNews
Фото Емил Јовановиќ