Вкупно 16,7 милиони патници ја поминале македонската градница во текот на 2013, што во споредба со претходната година бележи пораст од 7 отсто.

Како што информираат од МВР, 61,3 отсто биле странски, додека 39,7 проценти македонски државјани. Влез во земјава оствариле 6.031.826 (5.508.287) странски и 2.920.403 (2.710.666) македонски државјани, додека излез 4.242.819 (4.037.850) странски и 3.572.007 (3.417.837) македонски.

Најголем број странски државјани, кои ги преминале граничните премини и оваа година се државјаните на земјите во регинот и тоа српските со 2,3 милиони патници, по што следат грчките со 2,06 милиони.

OhridNews