Синоќа од 23.00 часот до 05.00 часот утринава, на подрачјето на СВР Охрид беа спроведени акциски контрола од полициските службеници при што биле затекнати вкупно осум возачи на подрачјето на СВР Охрид кои управувале возило под дејство на алкохол.
При контролите биле затекнати 2 возачи од Охрид, 4 од Струга и 2 од Кичево кои возеле под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и издадени им се соодветни поднесоци, информираат од МВР.
OhridNews












