Австралија ја дочека Новата година, која прва пристигна на островите во Тихиот Океан, на Карибати, Самоа и Фиџи. Со спектакуларен огномет во Сиднеј е прославено заминувањето на старата и дочекот на Новата година.

Точно на полноќ, беа ослободени 100.000 пиротехнички ефекти, придружувано од хитот на неодамна починатата кралица на соул музиката Арета Френклин, „Природна жена“.

Покрај Сиднеј, со огномет во 2019 година влегоа и Мелбурн и Бризбејн, како и главниот град на Нов Зеланд, Окленд, кој го пушти своето шоу од врвот на 328 метри високиот Скај тауер.

Новата година во весела атмосфера, ја одбележаа и нашинците oд Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ во Австралија.