Вкупно 207 пензионери од охридско годинава ќе одат на бесплатна бањско климатска рекреација. Според списокот на корисници кој деновиве го објави Министерството за труд и социјална политика, охридските пензионери ќе можат да се одмараат и да се рехабилитираат само во Дебарски бањи –Цапа, каде што е резервиран седумдневен престој за 6 групи од подрачјето на Охрид.

Инаку услугата за бањско климатска рекреација, опфаќа шест полни пансиони, три оброци дневно, еден задолжителен здравствен преглед како и трошоци за превоз од местото на живеење на корисникот до бањата.
Годинава на бесплатно бањско лекување ќе заминат над 10.000 пензионери од Република Македонија. Како што претходно изјави Министерот за труд и социјална политика, Спир Ристовски, бројот на поднесени барања за оваа година покажува дека пензионерите го подржуваат проектот.
OhridNews











