Во текот на 47-ма недела од 2021 година (22-28.11.2021), во државава пријавени се 63 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип.

Бројот на регистрирани случаи во 47-ма недела е зголемен во споредба со минатата сезона и намален во споредба со типичната сезонска крива. Заболените се пријавени од четири Центри за јавно здравје, во Дебар – 30, во Охрид – 21, во Тетово – 10 и во Струмица и Скопје – по 1, стои во извештајот од ИЈЗ.

Во однос на возрасната дистрибуција, по 22 лица се кај децата на возраст од 0-4 години и кај лицата на возраст од 15-64 години. Највисока инциденца се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на заболени изнесува 395, што е 2,1 пати повеќе во споредба со истиот период минатата сезона и 11,2% помалку во однос на типичната сезонска крива. Кумулативно, заболените се пријавени од девет ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица и највисока кумулативна инциденца е регистрирана на територијата на ПЕ Дебар, се додава во извештајот.

Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 42.755 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини.

Најголем број од вакцинираните се на возраст од 30-64 години – 1.941 лица или 61,5%, на возраст над 65 години – 1.008 лица или 32,0%, додека на возраст од 5-29 години се вкупно 132 или 4,2%. Нема вакцинирани се деца помали од 5-годишна возраст. Од категоријата на здравствени работници, вакцинирани се 73 лица. Нема вакцинирани бремени жени.

OhridNews