Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 24 мај, среда, „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Од надлежното министерство информираат и дека 23 мај, вторник, Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија.

OhridNews