24 оздравени, 20 новодијагностицирани со коронавирус
23.05.20 13:57
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти: Скопје 4, Куманово 3, Прилеп 5, Тетово 6, Велес 4, Битола 2. Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 16, Куманово 2 и Прилеп 2.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6-ти мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна, информира министерот за здравство Филипче.
Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19. Досега со скринингот направени се 2.060 тестирања на КОВИД-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни, истакна министерот Филипче.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.
Oд утре 18092026 година (петок) целосно за сообраќај ќе биде затворен дел од улицата „7- ми Ноември“ и тоа од пресекот на оваа улица со ул „Егејска“ па се до пресекот на оваа улица со ул „Марко Нес...
Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево кај Ботун Специфичните услови на теренот, комб...
Од 24 до 26 септември, Охрид ќе биде домаќин на „Трофеј Македонија“, турнир кој со право може да се нарече мини Балканско првенство, бидејќи на едно место ќе ги собере женските репрезентации на Мак...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.