Санкционирани 24 возачи од Охрид кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената.

На 21.11.2021 година од 12 часот до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и снакционирале 70 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место управувале со брзина поголема од дозволената од нив од Охрид-24, во населено место 15, надвор од населено место 9. Од Струга 30 во населено место, Кичево 8 од кои во населено место 6, надвор од населено место 2. Во Дебар 8, од кои во населено место 1, а надвор од населено место 7, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Акциските контроли во сообраќајот ќе се спроведуваат и понатаму со цел, зголемување на степенот на сообраќајната безбедност.

OhridNews