Согласно Законот за празници на Република Македонија, вкупно 27 дена во идната 2014-та година се прогласени за неработни. Се работи за државни и верски празници за дел, или пак за сите граѓани на Република Македонија.

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (среда), Нова Година
• 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
• 01 мај (четврток), Ден на трудот
• 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
• 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 02 август (сабота), Ден на Републиката
• 08 септември (понеделник), Ден на независноста
• 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
• 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик
• 19 јануари (недела), Богојавление (Водици)
• 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
• 27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

OhridNews