Во рамките на 10. коло од Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, екипата на Света Троица забележа убедлива победа од 5:0 против екипата на Демир Хисар.

Најзаслужен за високата победа беше Кузмановски, кој постигна хет-трик со головите во 16, 49 и 74 минута. Во листата на стрелци се запишаа и Митрески во 56 минута и Угриноски во 71 минута.

Од друга страна, Чардак од Велгошти доживеа убедлив пораз на гостувањето во Кравари, каде што истоимената екипа славеше со високи 6:0.

По одиграното коло, Света Троица се наоѓа на четвртото место на табелата со освоени 17 бодови, додека Чардак од Велгошти е на последната позиција со шест бодови. Лидер на табелата е екипата на Влазрими од Кичево со 23 бодови.

РЕЗУЛТАТИ – 10. КОЛО:

Напредок Ношпал – Крошу Спорт 1:2

Преспа – Напредок Кичево 2:2

Баир Спорт – Влазрими 2:4

Света Троица 2021 – Демир Хисар 5:0

Кравари – Чардак Велгошти 6:0

Влазними – Могила 1:3

OhridNews