Со презентација пред високи преставници од Светска банка, градоначалници и директори на центри за социјални работи, во Владата на Република Македонија беше означен стартот на Проектот за подобрување на социјалните услуги и детската заштита.

  • Ќе го зголемиме пристапот и квалитетот на социјалните услуги, вклучувајќи ги и предучилишните услуги. Ќе создадеме дополнителни 7.500 нови места во градинките преку изградба на нови објекти и пренамена на постоечките, како во урбаните така и во руралните подрачја. Со проширувањето на мрежата на предучилишни установи ќе го зголемиме  опфатот на деца  од 3 до 6 години за 50%. Со имплементацијата на проектот се очекува и повеќе од 3.000 корисници да имат бенефит од  новите вонинституционални социјални услуги обезбедени на локално ниво“, рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Со проектот ќе се развие интегриран софтвер за администрирање на парични надоместоци и социјални услуги со што ќе се поддржи социјалната реформа. Исто така, ќе се воведе семеен социјален работник кој ќе биде задолжен да ги следи потребите на секое семејство коешто е во социјален ризик.

Проектот е во вредност од 30 милиони евра обезбедени од Светска банка, а во следните черири години ќе го спроведува Министертвото за труд и социјална политика.

OhridNews