Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави Јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија.

Секој од кандидатите треба да ги исполни следните општи услови: да е државјанин на Република Македонија, да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во Средното полициско училиште, активно да го користи македонскиот јазик и да е здравствено и психофизички способен.
Исто така, општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование во средно училиште.
Потребната документација се поднесува во рок од 15 (петнаесет) дена, не сметајќи го денот на објавување на јавниот повик до секторите за внатрешни работи меѓу нив и СВР Охрид во период од 08 до 16 часот.
OhridNews









