На 1 мај пред 31 година во страотна несреќа на патеката „Имола“ во Сан Марино, животот го загуби бразилскиот пилот и еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, Аиртон Сена.
Смрта на трикратниот светски шампион во Ф1 го шокираше целиот свет, а тогаш никој не остана рамнодушен на црната судбија која го снајде 34- годиншниот Бразилец.
Сена со својот болид „Вилијамс“ удри во заштитната ограда покрај патеката со брзина од 233 километри на час. Страотниот удар беше кобен за него. И покрај напорите на лекарите Сена набрзо им подлегна на тешките повреди.
Кариерата во Ф1 бразилскиот пилот ја почна во екипата на Толеман во 1984 година каде помина само една сезона. Потоа, замина во Лотус задржувајќи се три сезони (1985, 86, 87). Од Лотус Сена се пресели во Меккларен и го прави најдобриот потег во кариера. Во првата сезона (88 година) ја освојува дебитанската титула, а во втората (89) завршува на втората позиција веднаш зад тимскиот колега Алан Прост. Следната сезона (90) Сена ја враќа титулата, а ја освои уште еднаш (91 година) што е последна во неговата кариера. Наредните две сезони Сена не успеа да стигне до титулата, откако заврши на четвртата односна втората позиција, а 94-та година за него ќе биде последна и тоа само по одржани три трки.
Во богатата кариера (162 трки) Сена победуваше на 41, на 65 ја освојуваше пол позицијата, 80 пати завршуваше на подиумот, а вкупно освои 610 бодови
OhridNews