Во сообраќајна незгода случена вчера во 09 часот и 30 минути на земјен пат помеѓу селата Требеништа-с.Ливоишта, со тешки телесни повреди се здобила 62-годишна жена од селото Требеништа, со живеалиште во Австралија.

– Жената итно е пренесена на лекување во болницата „Св.Еразмо“, а поради сериозноста на повредите е препратена во Клинички центар-Скопје. Повредената, како сопатник се превезувала на земјоделска машина-трактор управуван од 67-годишно лице од Требеништа која, во еден момент изгубила контрола над тракторот, по што  почнал да се движи наназад. Притоа, сега повредената паднала од тракторот на земјената површина по што, била прегазена со задното лево тркало, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По наредба на Јавен обвинител, увидот на местото на настанот го изврши екипа на СВР Охрид.

OhridNews