Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишен охриѓанец.
– Пријавениот, подолг период ја загрозувал сигурноста на неговата сопруга, со која не живеел во заедница, упатувајќи и сериозни закани дека ќе нападне врз нејзиниот живот. Тоа го правел со испраќање пораки со навредлива и заканителна содржина како и со често одење на нејзиното работно место, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На 25-ти минатиот месец, пријавениот по серија упатени СМС пораки со закани, отишол на нејзиното работно место и пред присутните колеги отпочнал со вербални навреди и закани по животот и нејзината сигурност. На тој начин, пријавениот предизвикал страв и несигурност кај неговата сопруга, но и кај останатите присутни во деловниот објект.
OhridNews












