Во рамките на годишната програма и богатата културна понуда, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид го најавува музичкиот настан „Циклус на концерти: Мозаик на жанрови“.

Концертот ќе се одржи во среда, на 28 октомври 2026 година, со почеток во 13:00 часот, во малата сала на Центарот за култура.

На сцената ќе настапи Охридскиот камерен оркестар, кој пред охридската публика ќе изведе разновидна и внимателно одбрана програма составена од познати дела од класичната и забавната музика. Како солисти на концертот ќе настапат: Исабела Димовска, Ѓоко Чеменкоски и Билјана Буџакоска, информираат од Центарот за култура.

Овој проект има за цел да понуди спој на различни музички стилови и да ја доближи уметничката музика до пошироката публика преку преплетување на класични созвучја и популарни мелодии, потенцираат.

Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Влезот за сите посетители е слободен.

OhridNews