Како одговор на потребите на идните студенти, брзиот развој на информатичките науки и технологии и нивното огромно влијание на економскиот развој и општествените промени,  Универзитетот „Апостол Павле“ ја имплементира  наставната програма – „е-Влада, е-Бизнис, е-Култура“ единствена во Македонија и регионот.

Студиската програма е-Влада, е-Бизнис, е-Култура претставува поширока техничка област во компјутерските науки која вклучува предмети како е-Демократија, е-Менаџмент, е-Право, е-Етика, социјални мрежи, е-Медиуми, е-Дипломатија, е-Банкарство, е-Маркетинг,  е-Новинарство, е-Криминал и сл.

Очекувањата се дека по дипломирањето на оваа студиска програма студентите ќе имаат можност да работат на најразлични компании и институции на македонскиот и европски пазар кој има реална потреба од ваков високо специјализиран кадар за работа. При реализацијата на оваа студиска програма, студентите ќе стекнат знаења од пошироко образовно подрачје поврзано со примената на информатичките науки и технологии во сферите на државната администрација, стопанството, културата во сите сегменти на модерното, така наречено “е-Општество“.

УИНТ „Св. Апостол Павле” претставува  лидер во квалитетот на академските програми и истражувачки проекти во областа на информатичката технологија и наука. УИНТ е универзално признат во однос на едукативните и научни искуства кај студентите како и кај  меѓународните реномирани професори и истражувачи.

OhridNews